Типично бековски – Рудигер во 97. минута ја рогна победата на Челзи во публика (Видео)

Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер имаше чист зицер во 97. минута за победа на Челзи на дербито со Манчестер јунајтед, но неговиот удар од 6-7 метри заврши на трибините зад голот на гостите.

Мечот заврши нерешено 1:1, а Рудигер уште долго ќе жали за утката во последните секунди.

Претходно по големиуот кикс на Жоржињо во 50. минута, Џејдон Санчо му донесе предност на Манчестер јунајтед, но италијанскиот репрезентативец имаше и среќа потоа.

Во 67. минута беше досуден пенал за домаќините, а го реализираше токму Жоржињо за конечен резултат 1:1.

Челзи остана лидер на табелата со 30 бода по 13 кола во Премиерлигата, пред Манчестер сити со 29 и Ливерпул со 28. Манчестер јунајтед е на осмото место со 18 бода, колку што зад него имаат и Брајтон и Лестер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести