Типот „гол-гол“ никогаш не бил посигурен за мечот меѓу Украина и Франција

Еден од поинтересните вечерашни дуели во мундијалските квалификации ќе биде средбата меѓу Украина и светскиот шампион Франција. Во него се очекува да се тресат мрежите на двете страни најмалку по еднаш, со оглед на статистиката на двете селекции од изминатиов период.

Триколорите на последното ЕП примија шест погодоци во три меча вклучувајќи ја и елиминацијата од Швајцарија во осминафиналето, а од нивната разнишана одбрана профитираше и БиХ пред три дена во ремито од 1-1 во Стразбур. Франција со идентичен резултат ремизираше и со Украина во овие квалификации, што беше втор меѓусебен меч во низа во кој Украинците успеале да ја затресат мрежата на Љорис.

Украина пак, во првиот квалификациски меч во овој циклус му дозволи на Казахстан двапати да се враќа од негатива во ремито од 2-2, додека пак во секој од мечевите на ЕП прими барем по еден гол, за на крај да претрпи дебакл од Англија со 4-0 во четвртфиналето.

Надеж дека Украинците ќе ја затресат мрежата на светските шампиони дава и последната средба во која беа домаќини во победата од 2-0, забележана во баражот за пласман на СП 2014.

Во Sport Life, типот „гол-гол“ носи 2.12 квота за овој меч, додека пак „ГГ3+“ носи 2.90 коефициент, сосема доволни за да искористите еден од нив како „сигурица“ на вашите ливчиња. Натпреварот во Киев е закажан за 20:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести