Типовите од Спортска прогноза нудат потенцијално убава добивка

Во последното коло на Спортска прогноза за 2018 година, повторно нема да има 12-ка, победата на Фиорентина на гостувањето кај Милан и голот со кој Валјадолид изедначи на гостувањето кај Атлетик Билбао, се покажаа како кобни за голем дел од прогнозерите. Вчера се одиграа седум меча од Спортска прогноза, а за денеска се закажани уште пет.

Минатиот викенд, комбинација од најчесто прогнозираните исходи, носеше добивка, па повторно ви предлагаме да се обидете.

Според прогнозерите, Клуб Бриж е голем фаворит во дуелот со Антверпен од 14.30 часот. Дури 82,1 отсто веруваат во победа на домашниот тим, а само 2,88 отсто се за триумф на гостите. Во Sport Life обложувалниците победа на Бриж вреди коефициент 1.71.

Ако бркате „икс“, тогаш треба да уплатите дека нерешено ќе заврши мечот Аугсбург – Волфсбург. За реми се изјасниле 40 отсто, што е повеќе од процентот кои типувале единица или двојка. Коефициентот за нерешено е 3.25.

И македонското дерби во Шпанија би требало да заврши нерешено, според најголемиот број на прогнозери кои учествувале во ова коло. За нерешен исход на мечот Рајо Валјекано – Леванте, гласале 41,3 проценти. „Иксот“ за овој натпревар е со квота 3.75.

Речиси две третини од прогнозерите, поточно 60,5 проценти, сметаат дека Тотенхем ќе победи на гостувањето кај Евертон, а ако навистина биде така, тогаш квотата од 2.35 ве чека со раширени раце. Една третина мислат дека ќе биде нерешено.

Најчист „кец“ треба да биде оној на дуелот помеѓу Бенфика и Брага. Дури 79,8 проценти мислат дека тимот од Лисабон ќе триумфира во дербито на третиот и четвртиот тим на табелата во Португалија. Но, и кај Милан вчера бројките беа слични, па Фиорентина приреди изнедување. Победа на Бенфика е со коефициент 1.70.

Ако се следат процентите од играњето на сите прогнозери може да направите интересно ливче со пет парови во кои квотите се од 1.70 до 3.75.

- Оглас -

Најнови вести