Типстер шампионот за декември порача: Играјте, секој месец е нова шанса за 100.000 денари

Здравко Наумчески си го доби заслужениот чек од 100.000 денари наменет за најдобриот играч во традиционалниот Типстер куп на Sport Life. Гостиварецот Здравко во последниот месец од 2020 година успеа на својата СЛ картичка да собере 172.334,1 поени на Типстер купот, а тоа беше доволно за шампионската месечна премија.

Шампионот Наумчески не случајно стигна до премијата. Тој е редовен учесник во оваа игра, а бил и меѓу главните конкуренти во ланската главна премија за Стан во Скопје. Иако тогаш не завршил во Топ 5, продолжил да игра и сега тоа му се исплатеше.

„Типстер купот го играм повеќе години. Досега имам освоено околу 20 премии што се доделуваат на локално ниво. Играта е интересна, а и подароците се одлични. Минатата сезона, во трката за станот на Водно завршив на 13 место. И оваа сезона започнав интензивно. Во октомври бев на 14 место, потоа во ноември завршив како петопласиран, а ете сега успеав да стигнам до првото место на месечно ниво“, открива Наумчески.

Верниот играч во Sport Life, ја потенцира и придобивката од имањето на СЛ картичката. „Предност е да се има картичката на Sport Life. Постојано се добиваат поени, кои може да се искористат и во СЛ Маркетот. Секако и со СЛ картичката добивате можност за учество во сите акции кои се организираат“, додава шампионот Здравко.

Научески открива и дел од тактиката за тоа како играл за да успее да освои најголем број на поени.

„Имам посебна тактика за играње на Типстер купот. Најчесто ја користам играта да има 1-3 гола во второ полувреме. На тикет ставам по максимални 50 меча и играм со помала уплата. Тоа ми е тактиката за Типстер купот. Максимум имам погодено 44 меча на таков тикет, но тоа носи голем број на поени за тековниот ден“, открива Наумчески.

МАКЕДОНИЈА И ПАНДЕВ „ГО ЗЕЗНАЛЕ“ ЗА 400.000 ДЕНАРИ

Гостиваречот вели дека играта која ја практикува, а тоа е фиксови и игра од 2-4 или 2-5 на голови ја игра во Sport Life затоа што тоа е обложувалницата со најголеми коефициенти. Во неговата „обложувачка кариера“, вели дека нема добиено некоја екстра голема сума, но се сеќава на еден меч на македонската репрезентација, кога за еден гол не успеал да добие 400.000 денари.

„На еден тикет има добиено 30.000 денари, а ќе го памтам тикетот од пред неколку години. Со 20 денари направив ливче за 400.000 денари, а само Македонија не успеав да ја погодам. Мислам дека играа со Велс на гости, а јас ја имав одиграно Х-Х. На полувреме беше нерешено, а потоа Велс даде гол во второто полувреме. Пандев имаше шанса да израмни на 1:1, но не погоди и заврши Х-1, па за еден гол ми избегаа 400.000 денари“, се сеќава Наумчески.

Освен шампионот Здравко, во декември, парични добивки има и за второпласираниот Даниел Р. од Тетово кој си доби 50.000 денари, а третопасираната Билјана М. од Битола заработи 20.000 денари.

Сега, во тек е јануарската битка за Типстер купот на Sport Life, а останува уште половина месец за да го дознаеме првиот месечен шампион за 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести