6877 – Македонија – Италија (20:45)
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва е пред нов, голем предизвик, кој се вика Италија. Актуелниот европски шампион доаѓа во Скопје на дуел во рамки на квалификациите за Европското првенство кое следното лето ќе се одржи во Германија. Нема сомнеж дека италијанците се фаворити, но на досегашните три меѓусебни дуели, Македонија секогаш постигнувала барем еден погодок.
Предлог тип: Т1 1+ (2.15)
6874 – Естонија – Шведска (18:00)
Репрезентацијата на Шведска е апсолутен фаворит во дуелот против Естонија на гостински терен. Швеѓаните лошо тргнаа во квалификациите и имаат само три бода после три натпревари, но Естонија е противник кој им лежи. Досега имаат одиграно вкупно осум меѓусебни натпревари на кои Шведска победила дури шестпати, а само два дуели завршиле нерешено.
Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (2.14)
6873 – Украина – Англија (18:00)
Фудбалерите на Англија на неутрален терен во Вроцлав (Полска), ќе имаат можност да дојдат до максимални пет од пет во квалификациите за Европското првенство, доколку ја совладаат Украина. На девет меѓусебни натпревари помеѓу овие две репрезентации, Украина победила само еднаш. Тоа се случило во 2009-тата година во квалификациите за Светското првенство. На останатите натпревари Англија има шест победи, а само двапати играле нерешено.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.12)
6875 – Косово – Швајцарија (20:45)
Возбудлив дуел се очекува во Приштина, во кој се среќаваат репрезентациите на Косово и Швајцарија. Овие две селекции се сретнале само двапати и играле 1-1 во пријателски натпревар во Цирих. Двете репрезентации негуваат офанзивен и ефикасен фудбал, а така се очекува да биде и вечерва на стадионот “Фадиљ Вокри“.
Предлог тип: ГГ и 3+1 (2.60)
6747 – Германија – Јапонија (20:45)
Репрезентацијата на Германија игра во катастрофална форма на пријателските натпревари кои ќе им послужат како подготовка за Европското првенство на кое се домаќини. Јапонија е убава шанса оваа негативна серија да заврши, но и можност за одмазда за шокантниот пораз на Светското првенство, кога јапонците победија со 2-1 и ја елиминираа Германија од Светското првенство во Катар.
Предлог тип: 1 & ГГ (3.00)