Типувачите на Спортската прогноза одлучни, Милан ќе победи, Рен и Ница ќе играат нерешено

Остануваат уште точно 24 часа до почетокот на 15-тото коло на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Првиот дуел од новото коло се игра утре во 14 часот, а ќе се сретнат Лас Палмас и Виљареал.

Интересен е натпреварот од француското првенство помеѓу Рен и Ница, на кој типувачите во големо мнозинство одлучија дека ќе заврши нерешено. Дури 47.38% од играчите на Спортска прогноза сметаат дека на овој дуел нема да има победник, додека 34.30% предност ѝ даваат на домашната екипа.

Екипата на Милан е голем фаворит според типувачите на Спортската прогноза во дерби-дуелот од Серија А против Рома. Дури 75,29% од играчите предност им даваат на „црвено-црните“ од Милано, додека само 3,68% се одлучија дека ќе победи Рома.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести