Типувајте на Сандерленд, Вајкомб и Вимблдон

Ротерам – Донкастер (фудбал, Англија ЕФЛ Чекатрејд трофеј, 20.00 часот)

Ова е дуел на два тима од Лига 1, третото по ранг натпреварување во Англија. Двата тима се во средина на табелата и играат променливо. Одбраните не им се посебно квалитетни, па лесно може да се случи и едните и другите да примат гол. И традицијата оди во прилог на тоа дека двата тима ќе постигнат гол. На три од последните четири меѓусебни дуели, резултатот беше 2-1.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Т1 2+ & ГГ (2.70)

 

Сандерленд – Гримзби (фудбал, ЕФЛ Чекатрејд трофеј, 20.45 часот)

Некогашниот премиерлигаш за противник има тим кој многу ретко игра нерешено во последно време, па кога би требало да се бира, единицата е многу поблиску отколку двојката. Сандерленд е шести во Лига 1, а Гримзби деветти во Лига 2. Прашање е само со каков резултат ќе победи Сандерленд, на хартија, „кецот“ не е спорен.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1 & 2-4 (2.30)

 

Партизан – Тофаш (кошарка, Еврокуп, 20.00 часот)

По победата на гостувањето кај Венеција во првото коло, Партизан има задача да го потврди тој триумф и пред своја публика против турскиот Тофаш. Кај Тофаш, странците го водат главниот збор, имаат познати играчи со евролигашко искуство како Мет Лоџески, таму е и Девин Вилијамс, кој во минатата сезона играше за Будуќност, но во Белград, со поддршката од трибините, Партизан е поблиску до победата.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1 & >162.50 (2.50)

 

Вимблдон – Лејтон ориент (фудбал, Англија ЕФЛ Чекатрејд трофеј, 20.30 часот)

И Вимблдон и Лејтон лошо ја почнаа сезонава, со тоа што Вимблдон игра во еден ранг погоре (Вимблдон е третолигаш, а Лејтон во четврта лига) и тоа би требало да значи дека е поквалитетен тим. На последните три меча на Вимблдон, паѓаа четири или повеќе голови, имаше погодоци на двете страни, но Лејтон не е толку добар како претходните ривали на лондонскиот тим.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

Вајкомб – Стивениџ (фудбал, ЕФЛ Чекатрејд трофеј, 20.45 часот)

Кај овој пар, разликата во квалитет е прилично голема и ако домашните одиграат сериозно, не би смееле да имаат проблем да  триумфираат. Вајкомб е на делба на првото место во Лига 1, додека Стивениџ е заглавен на дното на Лига 2. Јасно е кој е фаворит. Стивениџ не знае за победа веќе на 14 натпревари по ред во сите натпреварувања и не веруваме дека може да приреди изненадување на гостување каде што трипати по ред губеше со по 0-1.

Предлог тип: 1-1 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести