Типуваме на голови во Бергамо и Будимпешта

6007 Аталанта – Реал Мадрид (21.00 часот)

Ова е битка на Давид и Голијат според бројот на трофеи и значењето на клубовите во Европа, но поради проблемите што ги има Реал, Аталанта има историска шанса да го елиминира 13-кратниот европски првак и по вечерашниот меч со предност да патува на реваншот во Мадрид. Сепак, иако му фалат дури деветмина играчи, Реал не смее да биде потценет, има играчи кои знаат како е да се освојуваат трофеи и да се победува кога е најтешко. Реал без Бензема не може да даде многу голови, но затоа Кралевите повеќе внимаваат на одбраната, тимот има серија од три меча без примен гол.

Предлог тип: ГГ (1.53)

 

6008 Борусија М. – Манчестер сити (21.00 часот)

Германците ќе бидат домаќини во Будимпешта, практично немаат никаква предност, само на хартија се домашен тим. Манчестер сити има серија од 18 победи по ред, на тимот од Менхенгладбах ќе му биде тешко да ги неутрализира Граѓаните. Овие два клуба шестпати играле еден против друг во европските купови, последен пат во 2016 година, и на сите шест натпревари било „гол-гол“. Затоа и тука подобро да се игра на голови.

Предлог тип: 3+ (1.55)

 

6021 Тотенхем – Волфсбергер (18.00 часот)

Тука нема дилеми околу патникот во осминафиналето на Лигата на Европа, Тотенхем пред шест дена како гостин, но во Будимпешта, славеше против австрискиот тим со 4-1, па денешниот реванш е повеќе формалност. Мурињо можеби ќе тактизира со составот и ќе сака да одмори некоја од ѕвездите. Викендов Петлите загубија со 1-2 во Премиер лигата, а Волфсбергер славеше со истиот резултат во австриската лига.

Предлог тип: 2-4 гола (1.57)

 

1301 Барселона – Елче (19.00 часот)

По киксот минатиот викенд против Кадис, Барселона не смее да си дозволи уште еден погрешен чекор во битката за титулата во Шпанија. На „Камп ноу“ им доаѓа тим кој редовно го победуваа во последните години, и не само тоа, Елче никогаш нема дадено ни гол против Барса. Точно пред еден месец, овие два тима се сретнаа во Елче, Каталонците победија со 2-0. Елче викендов победи со 1-0, па веќе не е последен на табелата, но сензација би било ако вечерва освои бод или три.

Предлог тип: 1-1 (1.57)

 

1020 Блекбурн – Ватфорд (20.45 часот)

Ватфорд има три победи по ред, се бори за директен пласман во Премиер лигата, а е и тим со втората најдобра одбрана во Чемпионшип. Некогашниот англиски првак Блекбурн има црна серија од четири порази по ред, па иако има дадено повеќе голови од Ватфорд, има дури 18 бода помалку од вечерашниот гостин. Двата тима имаат многу важни играчи кои се повредени, но изгледа Блекбурн има поголеми проблеми што не е комплетен. Ватфорд 21 година не победил во Блекбурн.

Предлог тип: 2 (2.40)

- Оглас -

Најнови вести