Тите прв ја плаќа сметката за неуспехот, Бразилците веќе бараат нов селектор (Фото)

Аденор Леонардо Баки, или попознат само како Тите ќе си замине од селекторската позиција по неуспехот на Бразил и елиминацијата во четвртфиналетот на Мундијалот во Катар.

Хрватите беа подобри на пенали, а за Тите сигурно следи разделба, што тој и самиот ја најави пред почетокот на Мундијалот.

Тите и Бразилците во неговата ера го доживеаа првиот тежок удар на последната Копа Америка, кога Аргентина на теренот на Бразил, на легендарната „Маракана“, лани во јули успеа да го победи вечниот ривал во финалето и да ја освои титулата.

Денеска следеше вториот нокаут за најтрофејната фудбалска нација со пет трофеи на Светските првенства, па Тите мора да си замине.

 

- Оглас -

Најнови вести