Тите: Се знае кој е најдобар на сите времиња, може само да се спори околу второто место!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, во едно интервју изјави дека најдобар фудбалер на сите времиња е Пеле и нема што да се спомнуваат други имиња околу тоа кој е фудбалски Крал.

Нејмар има шанса да го надмине Пеле по бројот на голови за националниот тим на Бразил, но Тите вели дека и самиот Нејмар не се занесува дека е поголем од Пеле, дури и ако го надмине по бројот на голови за Кариоките.

„Не може да се споредуваат играчи од различни генерации, а и не може никого да го споредувате со Пеле. Може да се спори околу тоа кој е вториот најголем на сите времиња“, вели Тите, кој сигурно си оди од селекторското место по Мундијалот во Катар, без разлика што ќе направат Бразилците кои се меѓу главните фаворити најмногу поради неверојатниот напаѓачки потенцијал.

- Оглас -

Најнови вести