Титулата ја вративме, Купот го освоивме, топ 8 во Лигата на Европа, можевме и повеќе

Ракометниот клуб Вардар 1961 ги остварил своите главни цели во оваа успешна сезона. Клубот со објава на „Фејсбук“ потврди дека сезонава ја сметаат за успешна, иако останува жал што не стигнааа до фајналфорот во Лигата на Европа.

„Се исплатеше секоја секунда помината на тренинг, во патувања, во сала за вежбање… Имавме и моменти кои сакаме да ги заборавиме, но зад нас останува една успешна сезона во која ги остваривме зацртаните цели. Титулата ја вративме, Купот го освоивме, во Европа сме во Топ-8 во Лигата на Европа. Можевме и повеќе, но СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА СЕЗОНА – уште помотивирани, позрели и поискусни. ЕДЕН ЖИВОТ – ЕДНА ЉУБОВ!“, порачаа Црвено-црните.

 

- Оглас -

Најнови вести