25.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

На „Олд Трафорд“ тивко беше еден час, па стигна експлозија со два гола за 120 секунди (Видео)

Цел час немаше голови на дербито меѓу Манчестер јунајтед и Челзи, а потоа само за 120 секунди беа постигнати два прекрасни гола, по еден во двете мрежи.

Најпрво погоди Маркос Алонсо со убав волеј за Челзи во 60-тата минута, но радоста на гостите не трааше долго.

Голот на Алонсо можете да го погледнете ОВДЕ.

Кристијано Роналдо со 17-тиот гол во Премиер лигата сезонава експресно израмни на 1:1 во 62-рата минута.

За него ова е прв гол против Челзи, а осми на последните девет натпревари за Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести