Тјери Анри не е импресиониран од „дрим-тимот“ на ПСЖ

Составот на Пари Сен Жермен, во кој се ѕвезди како Меси, Нејмар, Мбапе, Ди Марија, Серхио Рамос, Донарума и другите, воодушевува многу фанови низ светот, но еден од најдобрите француски фудбалери во историјата, Тјери Анри, засега не е импресиониран од играта на парижани.

Екснапаѓачот на Арсенал и Барселона по победата на ПСЖ од 4:2 над Стразбур, го предупреди тренерот Маурисио Покетино, иако на таа средба не играа Меси, Нејмар, Рамос, Маркињос, Донарума, Бернат, Верати, Ди Марија.

„Кога имаш играчи од таков калибар, не е лесно. ПСЖ еволуира, но вистината е дека многу лесно примаат голови како за мој вкус. Некои од играчите им фалеа, но балансот е најважно нешто во еден тим“, смета 43-годишниот Анри, кој со Барса ги освои сите клупски трофеи, а со Арсенал имаше сезона без пораз во Премиер лигата, што е единствен таков случај досега.

„Јас играв во тим со Меси и Ето, сите зборуваат за нападот и неговата ефикасност, но луѓето заборавија дека ние тогаш и ретко примавме голови“, потсетува популарниот Тити.

- Оглас -

Најнови вести