Малку беа 90 минути за да се добие победникот на дуелот меѓу Германија и Шпанија. Двата фудбалски гиганти играат 1:1, па ќе мора во дополнителни 30 минути, евентуално и по изведување на пенали да се дознае првиот полуфиналист на ЕП.
Шпанија поведе со голот на Дани Олмо на почетокот на второто полувреме.
Германија не се предаде и постојано напаѓаше. Имаа шанси Хаверц, Фулкруг, а голот го даде Вирц и тоа во 89 минута.