Тоа е капитен за почит – Ел Команданте чека сигнал од Леванте, подготвен е да игра и во Втора лига

Хозе Луис Моралес е еден од најдобрите напаѓачи во Ла Лига и вистинска фудбалска икона на Леванте, а колку го сака клубот, покажа и со изјавата дека е подготвен да игра и во Втора лига.

Леванте испадна од Ла Лига, а Моралес објави дека нема да ги разгледува понудите од другите клубови, иако за него има интерес сè додека Леванте не се изјасни дали сака капитенот да остане и да го предводи тимот и во шпанската Сегунда.

Популарниот Ел Команданте е член на Леванте од 2011 година и е голем миленик на навивачите.

Засега има понуда од градскиот ривал Валенсија, но според квалитетот, и Лилјаците сигурно ќе имаат сериозна конкуренција во обидот да го ангажираат Моралес.

За Леванте игра и македонскиот репрезентативец Енис Барди, а и него во пакет со Моралес сака да го донесе Валенсија, но и Барди неофицијално најави дека е можно да игра за својот сегашен клуб во Втората шпанска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести