Тоа е убавината на фудбалот – Беа на девет бода од испаѓање во Цвајте, а ќе играат во Лигата на шампионите

Ајнтрахт Франкфурт имаше неверојатна сезона на европско тло откако вчеравечер успеа да ја круниса со титула во Лигата на Европа.

Но, во Бундеслигата за овој тим не цветаа рози бидејќи завршија на делба на 11-тото место и имаа само девет бода повеќе од местата кои што носат во Цвајте. Но, очигледно е дека тимот од Франкфурт се одлучи да се фокусира на Лигата на Европа, што се покажа како правилен план.

Ги елиминираа Барселона и Вест хем, а во финалето на пенали беа подобри и од Глазгов ренџерс. Во следната сезона Ајнтрахт ќе биде дел од Лигата на шампионите, и тоа ќе биде рангиран во првиот шешир, што значи и дека ќе добие полесни противници.

- Оглас -

Најнови вести