Тоа е Суперкласико – Фантастична атмосфера на „Монументал“ и голема победа на Бока јуниорс (ВИДЕО)

Екипата на Бока јуниорс победи во Суперкласико против Ривер плејт со 1:0. Едно од најголемите дербиња на светот изминатава ноќ се одигра на „Монументал“ пред повеќе од 70 илјади навивачи.

Овие две екипи се сретнаа во рамките на седмото коло од Копа де ла Лига професионал.

Атмосферата, како и што се очекуваше, беше фантастична, а единствениот гол дојде по грешката на одбраната на Ривер во 54-тата минута, по која најдобро се снајде Себастијан Виља.

Ова е прва победа за Бока на гостувањата кај најголемиот ривал по 2017 година.

Во групата А, Ривер остана на бројката од 13 бода и е треттопласиран, додека во Б групата, Бока е на делба на второто место со 14.


- Оглас -

Најнови вести