Тоа го има само за легендите: Капитенот на Атлетик Билбао по 15 години си заминува од клубот

Легендарниот капитен на Атлетик Билбао, Икер Мунијаин, по 15 години верност реши да си замине од баскискиот клуб. Атлетик Билбао синоќа немаше закажано ниту еден официјален меч, но на трибините на стадионот имаше речиси 30 илјади навивачи. Тие  платија билет да бидат на трибините само со една цел, а тоа е да му дадат последен поздрав на нивниот легендарен капитен.

Мунијаин дојде во Атлетик Билбао кога имаше само 12 години, а само со 16 години тренеираше со првиот тим. Од тој момент досега, Мунијаин одигра неверојатни 559 натпревари и стигна до второто место на листата на најверни фудбалери. Само голманот Хозе Анхел Ирибар има 614 настапи.

- Оглас -

Најнови вести