Тоа се вика добар бизнис: Го купија за милионче, а ќе го продадат 40 пати поскапо

Германскиот репрезентативец Робин Госенс речиси сигурно ќе го напушти тимот на Аталанта во летниот преоден рок. Госенс е еден од најдобрите фудбалери во италијанскиот тим, а со неговите игри го привлече вниманието кај големите европски гиганти.

Интер и Јувентус веќе покажаа интерес за Госенс, но сега е сѐ поизвесно дека Манчестер сити ќе им ги расипе сметките на калчолигашите. Се шпекулира дека Граѓаните се подготвени да платат 40 милиони евра за да го купат играчот на Аталанта.

Сезонава во Серија А, Госенс има девет голови и четири асистенции. Тоа е играч кој во тимот од Бергамо стигна во 2017 година од тимот на Хераклес и тоа за нешто помалку од еден милион евра. Доколку Аталанта успее да го продаде за 40 милиони евра, тоа ќе значи дека тимот од Бергамо ќе заработи 40 пати повеќе од тоа што инвестирал во овој фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести