Вчера се комплетираше второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, а Исланд беше домаќин на дури четири меча. Валур одигра без голови против Сент Мирен, Викингур Рејкјавик загуби од Егнатија со 0:1, поразен беше и Бреидаблик од косовска Дрита со 1:2, а единствено се радуваше тимот на Стјарнан против Паиде од Естонија со 2:1.
Тоа што е раритет во светски рамки е дека сите овие четири меча се играа речиси во ист термин и дека четирите стадиони се наоѓаат на растојание од нецели 15 километри, односно со автомобил може да се поминат за само 26 минути.