Каква легенда е Тобијас Харис – Филаделфија победува секоја ноќ иако НБА мирува

Голема победа за нас ноќеска. Браво Џоел Ембид, се покажа како вистински лидер на тимот. Одиме во нови победи, е постот на „Инстаграм“ што привлече многу внимание и барем за малку извлече насмевки на лицата на фановите на НБА-лигата, а е дело на Тобијас Харис.

За крилото на Филаделфија 76 нема застој во НБА-лигата иако не се игра, а на духовит начин ги коментира натпреварите што требаше неговите 76-ки да ги играат во овој период.

Со многу смисла за хумор, Тобијас објавува куси текстови на социјалните мрежи со замислен опис на мечевите што требаше да се играат во НБА-лигата. Најде начин речиси секоја ноќ да го држи вниманието на љубителите на најдобрата кошарка на светот, а неговите постови на социјалните мрежи ги следат милиони луѓе од различни земји и се вистински хит.

- Оглас -

Најнови вести