Точно една година до почетокот на Светското првенство, Македонија заслужува да биде на овој спектакл

Точно 365 дена, односно една година од почетокот на Светското првенство во Катар.

Домашната селекција Катар, ќе биде една од двете репрезентации кои што ќе го отворат во 13:00 часот по Средноевропско време.

Целиот спектакл, за кој се сомневаме дека ќе биде на досега невиден начин, ќе се одржи на стадионот „Ал Бајт“ кој има капацитет од 90.000 фанови.

Нам ни останува да им посакаме среќа на македонските репрезентативци и да обезбедат пласман на најголемиот фудбалски спектакл на планетата.

Воедно, денеска беше објавено дека сите стадиони за наредното СП се подготвени и навистина со нетрпение очекуваме како изгледаат тие.

Како што е добро познато, нам не очекува бараж во март, откако претходно на 26. овој месец ќе ги дознаеме противниците.

- Оглас -

Најнови вести