Тодоров е оптимист и покрај пеколното темпо: На мака се познават јунаците

Александар Тодоров е оптимист и очекува Македонија да се пласира на Европското првенство што ќе се игра следната година, иако имаме пеколен распоред со четири натпревари во пет дена во Перм, Русија.

Македонија го трча последниот квалификациски турнус, а ќе игра двапати со Италија и по еднаш со Русија и со Естонија од 18 до 22 февруари во Перм.

Почнуваме со Италија на 18. февруари од 15 часот, следниот ден ќе играме со Русија од 18 часот, па повторно со Аѕурите на 21 февруари од 18 часот и за крај веројатно и клучниот меч против Естонија на 22 февруари од 19.30 часот.

„Четири натпревари во пет дена се навистина огромен напор за  кој било спортист, не само за еден кошаркар. Но тоа е што е, ФИБА така проценила, наше е да се подготвиме и да направиме не само тактика, туку и стратегија како да настапиме на овие четири средби во Перм“, вели Тодоров.

Ни треба победа против Естонците од 10 поени разлика за да бидеме подобри во меѓусебниот дуел или да ги победиме нив и да добиеме макар еден од преостанатите три дуели, притоа нашиот главен ривал за третото место во Б групата да не забележи ниту еден триумф.

Македонската кошаркарска експедиција засилена со големиот талент Теодор Симиќ, кој игра за Барселона, ќе патува за Перм со чартер-лет на 15 февруари.

Европското првенство ќе се игра идната година од први до 18 септември, а четири земји, Германија, Италија, Чешка и Грузија ќе бидат домаќини на најдобрите репрезентации на Стариот Континент.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести