Македонија нема да има ниту еден претставник во понтамошните натпревари во европските фудбалски купови откако вечерва елиминација доживеа и Шкупи. Чаирчани загубија на гости кај Санта Клара со 2:0 и ако се додаде поразот од 3:0 по првиот меч во Скопје, македонскиот претставник е елиминиран со вкупни 5:0.
Шкупи едноставно беше предаден уште пред да почне реваншот. Санта Клара поведе само по 13 минути игра со голот на Карвалјо.
Веќе во 39-тата минута беше 2:0 со голот што го даде Вилануева. Во второто полувреме домаќините го намалија темпото на игра и едноставно како да не сакаа да дадат уште некој гол.