Статистичката платформа „Компарисонатор“ со седиште во Турција направи своја анализа за најдобри тимови во различни региони од Европа, меѓу нив и од земјите што порано и припаѓаа на Југославија.
Во вкупно три тима од ова подрачје, односно меѓу вкупно 30-мина фудбалери и тројца голмани, немаше место за ниту еден играч од македонската Прва лига.
Малку е и чудно што во идеалниот тим нема ниту еден претставник на Динамо Загреб, веројатно и најдобрата екипа од поранешна Југославија, а во сите три состави што ги објави „Компарисонатор“ најмногу играчи има од Црвена ѕвезда, вкупно 7, потоа следуваат Партизан со пет, Динамо Загреб и Риека со по 4 Осиек со 3.
Во иделаниот тим најмногу фудбалери има белградски Партизан, дури четири, Црвена Ѕвезда, Риека и Осиек имаат по два и еден има Хајдук од Сплит.