Толку од играчката кариера на Руни: Потпиша перменентен менаџерски договор со Дерби

Вејн Руни потпиша две и полгодишен договор со Дерби каунти за да биде менаџер на првиот тим, што воедно значи и крај на богатата фудбалска кариера на англиската легенда.

Руни во изминатиов период беше играч-тренер на Овните по отказот на Филип Коку, но сега управата одлучи потполно да му ја даде довербата да биде кормирал на моменталниот второлигаш. Во девет натпревари претходно како тренер, екипата на Дерби под палката на Руни оствари три победи, четири ремија и два порази.

Инаку, во стручниот штаб на некогашниот напаѓач и рекордер на Манчестер јунајтед ќе биде уште една легенда на англискиот фудбал, голманот Шеј Гивен, кој своевремено ги бранеше боите на Сити, Њукасл, Мидлсбро и Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести