Толку се може без Меси: Баерн надмоќно газеше на „Камп ноу“ (видео)

Баерн Минхен демонстрираше сила против Барселона со убедливите 3-0 во големото дерби од премиерното коло во Лигата на шампионите. Германскиот првак ги откри слабостите на составот на Роналд Куман, а токму вечерва се виде колку недостасува Лионел Меси во големите натпревари.

Милер со малку среќа го замолкна „Камп ноу“, Калчолигашите наjрасположени за голови (видео)

Во надмоќно издание ,Баварците со помош на расположениот Левандовски ја забележаа 17-тата победа по ред во меч од првото коло во ЛШ, додека Полјакот продолжи со своето решетање на мрежите во континуитет. Левандовски бележи 34 гола во последните 33 настапи за Баерн во европското натпреварување, односно во последните 18 меча дава барем по еден гол.

Милер беше човекот кој го отвори патот до победата во 33-тата минута, а Левандовски во вториот дел само го потврди доминантното издание на тимот на Нагелсман.

Левандовски сака што поскоро да ги реши дилемите, конечно се разбуди европскиот првак (видео)

 

Челзи со минимални 1-0 против Зенит тргна во одбрана на европската титула, додека убедлива победа оствари Јувентус на гостувањето кај Малме со 3-0. Вилјареал и Аталанта ги делеа бодовите со ефикасно реми 2-2, а без голови завршија натпреварите Лил – Волфсбург и Динамо Киев – Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести