Толку треба: Арсенал даде еден гол и освои три бода (Видео)

Арсенал ја продолжи победничката серија на екипите кои се меѓу најголемите фаворити во англиската Премиер лига. Топчиите дадоа еден гол на гостувањето кај Њукасл, но и тоа беше доволно да стигнат до победа. Пјер Емерик Обамејанг погоди во 58 минута, а до крајот Њукасл неуспешно се обидуваше да израмни.

Во вториот меч одигран во исто време, Лестер и Вулверхемптон одиграа без погодоци.

Освен Арсенал, во првото коло од вчера победија и Манчестер сити, Ливерпул, Тотенхем. Првото коло од Премиер лигата ќе се затвори со дербито на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Челзи.

https://youtu.be/NRyahYxa9xg

 

- Оглас -

Најнови вести