Томас Тухел веќе не е тренер на ПСЖ!

Германецот Томас Тухел во текот на денов ќе добие отказ од функцијата главен тренер на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен. Оваа информација први ја објавија германски медиуми, а потврда дојде и од француските. Се чека само уште официјализација на веста од клубот, но веројатно и тоа ќе се случи во наредните минути или часови.

Некогашниот тренер на Борусија Дортмунд со париските Светци во минатата сезона дојде до финалето на Лигата на шампионите, но оваа сезона на скапиот тим не му оди добро, ниту во ЛШ, ниту во домашното првенство. Договорот на Тухел со ПСЖ беше до јуни, но клубот реши да му го раскине на шест месеци пред истекот.

- Оглас -

Најнови вести