Виктор Вембањама одигра меч каков што во плејофот не е виден од времето на легендарниот Хаким Олајџувон (Видео)

Сан Антонио спарс со голем пресврт стигна до триумф на гостувањето кај Порталнд од 114:93 и поведе со 3:1 во победи во првото коло од НБА плеј-офот кој се игра до четири победи. Виктор Вембањама блескаше во победничкиот тим, за 34 минути поминати на теренот постигна 27 поени (шут од поле 9 од 17), а имаше и 12 скокови, три асистенции, четири украдени топки и дури седум блокади. Последен пат еден играч со вакви бројки на меч од плејофот имал легендарниот Хаким Олајџувон, кој беше еден од најдобрите НБА центри во 90-тите години на минатиот век.

Подвигот на Вембањама е уште позначаен ако се знае дека на еден час пред почетокот на дуелот, од Сан Антонио објавија дека нивниот најдобар играч ќе го пропушти мечот поради потрес на мозокот. Центарот на Сан Антонио се здоби со потрес на мозок во првото полувреме на мечот пред неколку дена кога неговиот тим загуби со 106:103, а потоа го пропушти третиот дуел од серијата против Портланд. Сега, Вембањама се почувствува дека е подготвен за игра и тоа го покажа на теренот, предводејќи го Сан Антонио до победа која ги носи на чекор од следната фаза од плејофот.

Интересно е дека Порталнд во првото полувреме водеше со 19 разлика, а на полувремето замина со предност од 17 поени. Со серија од 13:0 на почетокот на второто полувреме, Сан Антонио се врати во игра, а во последната четвртина успеа и да израмни на 74:74. Потоа, на теренот како да постоеше само еден тим. Сан Антонио поведе со 90:77, а на четири и пол минути до крајот Спарси водеа со недостижни 101:81.

Бостон немаше милост против Филаделфија и на гости славеше со 128:96 за 3:1 во победи. Уште во првата четвртина гостите стигнаа до двоцифрена предност и потоа до крајот доминираа.

Хјустон не дозволи да добие „метла“ во пресметката со Лос Анџелес лејкерс и славеше со 115:96, намалувајќи на 3:1 во победи.

Најнеизвесно беше во Торонто каде домашниот тим славеше над Кливленд со 93:89 и израмни на 2:2 во победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести