Томори го направи тоа што не му успеа ја Леао, го матира Шчешни (ВИДЕО)

Милан води со 1:0 по првото полувреме од големото дерби против Јувентус во деветтото коло во Серија А.

Стрелец на голот за „росонерите“ беше Фикајо Томори во 45 минута откако најдобро се снајде во шеснаесетникот на Јувентус.

https://twitter.com/i/status/1578789639858814977

Иако Јувентус имаше поголем посед на топката, Милан создаде повеќе шанси и два пати ја погоди стативата.

Рафаел Леао прво во 20 минута одлично шутираше но ја погоди левата статива, додека во 34 минута, шутот на истиот фудбалер, повторно заврши во стативата, овој пат со помош на голманот на Јувентус, Војчех Шчешни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести