Тони Фергусон ќе се бори со Џастин Гејџи за привремениот појас за шампион во лесна категорија во УФЦ, наместо со Хабиб Нурмагомедов, како што беше планирано. Пред таа борба, Фергусон испрати провокација за Нурмагомедов, а не пропушти да го исплука и Конор Мекгрегор.
„Хабиб го чекаа тупаници, но тој сега не постои. Тука е Џастин Гејџи, кого го нарекуваат „Хајлајт“. Сега тој ќе види што е вистински хајлајт. Ќе го удирам толку силно што ќе му се појават ѕвезди пред очи. Ако се прашувам јас, Хабиб и Конор веќе се пензионери. Им преостанува да прекинат да се бават со овој спорт кој е за вистински мажи, а не за пи*кици како нив“, говори Фергусон во видеото кое го објави на „Твитер“.
Како што стојат работите, речиси е сигурно дека победникот од борбата Фергусон – Гејџи ќе мора да ги одмери силите со Нурмагомедов бидејќи тој уште е сопственик на шампионскиот појас во лесна категорија.
https://twitter.com/TonyFergusonXT/status/1247591253924925440