Тони Крос даде изјава со која предизвика контроверзи во Шпанија

Германскиот фудбалер кој го носи дресот на Реал Мадрид, Тони Крос, не се согласува со кратење на платите на играчите, како што го прават тоа повеќето клубови, и даде предлог кој досега не беше слушнат.

„Намалувањето на платите е како празен подарок, Со ова само се полнат касите на клубовите и не се придонесува за помош на најзагрозените. Јас сум за исплаќање на целата сума, а потоа секој фудбалер да прави разумни работи со неа. Сите да помогнат таму каде што е неопходно. Има многу места на кои има потреба од помош“, рече Крос.

Реал Мадрид засега не им ги намалува платите на своите фудбалери и останати вработени, но ако кризата и паузата во лигата потраат, веројатно и Кралскиот клуб ќе се солидаризира и ќе биде принуден на таков чекор.

- Оглас -

Најнови вести