Тони Крос мисли дека голот на Лајпциг бил регуларен

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, за една германска телевизија изјави дека смета дека погодокот на Лајпциг во втората минута од синоќешниот меч бил регуларен.

Босанскиот судијата Ирфан Пељто, по прегледување на ВАР-снимка, реши да го поништи голот на Бенјамин Шешко поради фаул на Хенрикс, кој беше во позиционен офсајд врз голманот Лунин.

„Јас мислам дека голот беше легален. Мислам дека на крајот тој досуди офсајд затоа што малку беше турнат Лунин, но голманот не можеше да ја достигне топката и затоа голот мораше да се признае“, изјави играчот од средниот ред на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести