Тони Крос најави скорашно повлекување?! (Фото)

Еден коментар на Тони Крос на социјалните мрежи може да значи најава дека Германецот решил да ја заврши играчката кариера на крајот на оваа сезона.

Реал Мадрид му даде рок на Крос до февруари да каже дали ќе го продолжи договорот или ќе се пензионира. Крос има 33 години и повеќе пати најави дека не планира да игра уште долго, а Реал ќе му биде последен клуб. Крос веќе не игра за репрезентацијата, а лесно може да се случи летово целосно да се повлече.

На објавата на Герет Бејл дека ја завршува кариерата, плејмејкерот на Реал Мадрид му искоментира: „Каков играч! Навистина уживав играјќи со тебе легендо. Се гледаме наскоро“.

Токму последната реченица е таа што многумина ја толкуваат како најава на Крос дека и тој наскоро ќе се пензионира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести