Тони Крос се сели во Серија А, и тоа бесплатно?

Фудбалерот кој е еден од најзаслужните за сите успеси на Реал Мадрид во изминатата деценија, Тони Крос, на крајот од сезоната би можело да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ и да се пресели во Серија А.

Договорот на Крос со Реал истекува на крајот од сезоната и ќе биде слободен во изборот на новиот клуб, а неговиот менаџер веќе се наоѓа во Торино, каде што води преговори со челниците на Јувентус.

Управата на Јувентус го сака Германецот во своите редови, кој би требало да донесе сигурност во средниот ред и медиумите најавуваат дека договорот не е невозможен иако Крос во неколку наврати најавуваше дека по Реал Мадрид ќе замине во пензија.

Триесет и тригодишниот Крос во Реал Мадрид пристигна во 2014 година од Баерн Минхен и со Кралевите освои сè што можеше да се освои. Германецот со Реал освои четири титули во ЛШ, три во Ла Лига, еден трофеј во шпанскиот Кралски куп, трипати победи во европскиот Суперкуп и петпати на Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести