Тони Кукоч доби прашање: „Дали Југославија ќе го победеше дрим-тимот на ЛОИ во Барселона?“

Легендарниот хрватски кошаркар Тони Кукоч во телевизиско гостување доби прашање дали мисли дека Југославија можеше да го победи американскиот дрим-тим на Олимписките игри во Барселона во 1992 година. Тој настапи за Хрватска на Олимпијадата и двапати загуби токму од САД, прво во групната фаза, а потоа и во финалето со 117-85.

САД на овие Олимписки игри настапи со Мајкл Џордан, Лери Бирд, Меџик Џонсон… Две години претходно Југославија беше светски шампион, но откако државата се распадна, на Олимпијадата настапи Хрватска. Џордан со 22 поени беше најефикасен во составот на САД, додека Дражен Петровиќ уфрли 24 поени за Хрватска.

„Знаевме дека физички и атлетски можеби се подобри од нас, но што се однесува до кошарката, нивните темели, мислам дека ние бевме подобри. Доказ за тоа се европските играчи кои пристигнуваа во НБА-лигата, тие им помагаа на екипите, ги ставаа во ред. Поминавме многу време работејќи на темелите, тоа го гледаме и сега кај Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и сите коишто играа претходно“, рече Кукоч, без да одговори на прашањето дали Југославија можеше да ги победи САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести