Toни Надал: Рафа ќе игра уште неколку години, но сѐ си има рок на траење

Чичкото на Рафаел Надал, Тони, посочи дека неговиот внук има желба да игра уште неколку години, поточно, сѐ додека неговото тело може да ги издржи напорите. Тони Надал минатата година го напушти тренерскиот тим на Рафа, а местото за прв тренер на вториот светски рекет го презеде Карлос Моја.

„Кога Рафа ќе почувствува дека му е време за пензија, ќе го стори тоа. Но, мислам дека ќе игра уште неколку години, тоа е негова желба, но сѐ си има рок на траење. Сѐ додека неговото тело ги издржува напорите, тој ќе игра“, истакна Тони.

Рафаел Надал го загуби првото место на АТП-листата од Новак Ѓоковиќ годинава. Шпанецот повторно се соочуваше со повреди, кои го спречија да се појави на неколку важни турнири кон крајот на годината.

Новата тениска сезона ќе започне на 31-ви декември во Доха, со турнирот Отворено првенство на Катар, кој минатата сезона го освои Гаел Монфис.

- Оглас -

Најнови вести