Тони Надал, кој е чичко на Рафаел Надал и негов ментор, а сега директор на „Академијата Рафа Надал“, би сакал во финалето на Отвореното првенство на САД да не победи Шпанецот Карлос Алкараз, туку Норвежанецот Каспер Руд.
Руд е „дете“ на Надал, четири години тренираше во Академијата на Надал, и Тони многу добро го познава.
„Ќе биде тешко, Алкараз е благ фаворит, но верувам дека нашиот играч Каспер ги има сите оружја кои се потребни за да го победи Карлос“ – изјави Надал, кој верува дека искуството кое го има Руд од играње на грен-слем финале на Ролан Гарос, ќе му помогне.
Финалето е вечерва, а тој што ќе победи, ќе го преземе и првото место на АТП листата.