„Топчиите“ со новогодишен подарок од четири гола за своите навивачи

Арсенал со убедливи 4-1 славеше против Фулам во мечот кој се одигра во рамките на 21. коло во Премиер лигата. „Топчиите“ олигледно брзо се опоравија од дебаклот кој го претрпеа против Ливерпул, а гневот го истурија врз градскиот ривал кој немаше сили да се надигрува.

Голот на Џака во 25-тата минута му донесе само второ водство по едно полувреме на Арсенал сезонава. Лаказет во 55-тата минута ја зголеми предноста за двојно, гостите се обидуваа колку толку да се вратат во игра, па постигнаа почесен погодок преку Камара во 69-тата минута.

Сепак, еден гол предност како да не беше доволен, а избраниците на Емери не оставија ништо на случајот. Ремзи се запиша во листата на стрелци само четири минути по неговото влегување во игра, а Обамејанг во 83-тата минута ги постави конечните 4-1.

Со вкупно 12-тата победа сезонава, Арсенал се доближи до четвртопласираниот Челзи на само два бода разлика, сега имаат 41 бода, додека Фулам по 13-ти пат загуби во шампионатот, па со само 14 бода останува на претпоследното место на табелата.

https://www.dailymotion.com/video/x6zu8du

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести