Топката еден метар внатре, ја затресе мрежата, судијата вели нема гол (Видео)

На натпреварот од јапонската лига помеѓу Урава ред дајмондс и Шохан белмар се случи еден огромен превид – судијата не призна очигледен гол на гостите. Сепак, како што велат, Господ гледа, имаше правда, па Шохан иако губеше со 2-0, на крајот славеше со 3-2, со гол во последната минута од судиското продолжение.

Голманот што го прими голот разочарано ја фрли топката, гостите се радуваа, но судијата одмавна со раката и побара мечот да продолжи. Екипата на Шохан се бунеше, но попусто. Дефинитивно во технолошки најнапредната земја, на стадионите потребна е ВАР-технологија.

Еве го непризнатиот гол од уште еден агол:

- Оглас -

Најнови вести