Топката за финалето во ЛШ изгледа фантастично (фото)

Во пресрет на стартот на нокаут-фазата во Лигата на шампионите, „Адидас“ ја обелодени топката за финалето кое ќе се игра во Истанбул на 30 мај. На самата топка стои рачно нацртана мапа на прекрасниот град која е нагласена со палета на виолетови бои, додека белите ѕвезди прават контраст.

Од УЕФА потврдија дека германскиот производител за спортска опрема ја употреби најновата технологија за изработка на топката за да им се овозможи на фудбалерите што подобри перформанси.

Топката „Истанбул 20“, како што го доби името, ќе се употребува уште вечерва, во првите нокаут-дуели од осминафиналето меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул, односно Борусија Дортмунд и ПСЖ, па сè до последниот меч за титула.

 

- Оглас -

Најнови вести