Торес ќе паузира шест недели

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити во следните шест недели ќе биде без услугите на Феран Торес. Шпанскиот репрезентативец има мала фрактура на десното стопало заработена на дуелот против Франција, во финалето на Лигата на нациите.

Торес одигра одличен меч во полуфиналето од Лигата на нациите, кога ги даде двата гола за Црвената фурија во триумфот од 2:1 против Италија, кога беше избран и за играч на мечот. Во финалето, Торес се повреди, а лекарските прегледи покажаа дека ќе мора да мирува еден и пол месец.

Од Сити прогнозираат дека Торес ќе пропушти девет натпревари, вклучувајќи го и градското дерби против Манчестер јунајтед. Граѓаните се надеваат дека Шпанецот ќе биде на располагање на тренерот Пеп Гвардиола за дербито од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, дуел кој ќе се игра на крајот од ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести