Торес „се отпиша“ со 300 гола, а судијата му поништи мајсторија за крај (видео)

Фернандо Торес вчера го одигра најверојатно последниот негов натпревар во професионалната кариера. Популарниот Ел Нињо се збогува со 300 погодоци за клубот и за репрезентацијата, а со два гола за својот тим Саган Тосу придонесе за победата од 4-2 над Шиницу.

Шпанецот за четири минути во два наврати ја затресе мрежата на противничкиот тим, а можеше да се отпише со хет-трик, но судијата му поништи вистинска мајсторија за крај.

По примениот гол на Саган за 3-2, Торес упати удар кон голот на Шимицу директно од центарот, а арбитерот, кој во тој момент не ја виде ситуацијата, ја врати топката на точката од средината на теренот, па неговиот погодок на крајот не важеше.

- Оглас -

Најнови вести