Торино 500 минути немаше дадено гол против Милан, а вечерва за две минути даде два гола

Милан е на прагот да го претрпи вториот пораз сезонава во Серија А, по првото полувреме губи на гостувањето кај Торино со 0-2.

Кофи Џиџи и Алексеј Миранчук беа стрелци на головите кои најавуваат изненадување, со оглед на состојбата на табелата. Милан со победа би бил втор, а ако загуби, останува трети.

Торино точно 499 минути немаше дадено гол против Росонерите во лигашки меч, па голот на Џиџи значеше разбивање на еден непријатен малер. Пред Џиџи, стрелец за Торино против Милан беше Андреа Белоти во септември 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести