Торино си ја најде среќата во Вечниот Град, од Серија А испадна Беневенто

Чиро Имобиле утна пенал за победа на Лацио против Торино, што им донесе опстанок на популарните Бикови во Серија А. Мечот заврши нерешено без голови, што значи дека од Лигата испаѓа и Беневенто.

Торино пред почетокот на последното коло што ќе се игра идниот викенд има 36 бода, четири повеќе од Беневненто, па нивниот меѓусебен дуел во Торино во недела на 23 мај ќе биде само формалност.

Со Беневенто во понизок ранг се селат и Парма и Кротоне, кои ќе бидат членови на Серија Б во идната сезона.

Нови прволигаши се Емполи и Салернитана, а се чека и последниот патник за елитата, што ќе биде познат по одигрување на плејофот во Серија Б, кој е во тек.

- Оглас -

Најнови вести