Торино со играч помалку, со гол во 114-тата минута го елиминира Милан на „Сан Сиро“

Торино го победи Милан со 1:0 на „Сан Сиро“ и тоа во меч кој траеше 120 минути. В дуел од осминафиналето на Купот, Торино направи изненадување и со голот на Адопо во 114-тата минута стигна до предност од 1:0, што на крајот беше и доволна за голема радост на гостите.

Победата на гостите е уште повредна ако се знае дека Торино од 70-тата минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Џиџи. Милан и со фудбалер повеќе цели 50 минути не само што не успеа да го скрши отпорот на противникот, туку на крајот и прими гол со кој беше елиминиран од Купот.

Ова е првпат во последните 13 години Милан да не се пласира меѓу најдобрите осум екипи во Купот.

- Оглас -

Најнови вести