Му се потсмеваа поради уплав од ковид-19, сега го слават како јунак во Торино (Видео)

Мергим Војвода е јунакот на Торино по победничкиот гол против Парма вечерва, што може да значи и опстанок во Серија А за 7-кратниот италијански првак.

Репрезентативецот на Косово го постигна првиот свој гол откако е играч на популарните Бикови, кои победија со 1:0 и на четири кола до крајот на Серија А имаат три бода повеќе од најзагрозените екипи.

Парма со поразот вечерва испадна од Првата италијанска лига заедно со Кротоне.

https://twitter.com/DardanianFooty/status/1389313935795437586?s=20

Репрезентативецот на Косово беше цел на потсмев по урнебесната реакција лани, кога во една прилика беше тестиран за Ковид-19.

Видеото беше вирален хит, а Војвода сега е јунакот на Торино, екипа што е на прагот да ги прегрми грижите за опстанок.

 

 

- Оглас -

Најнови вести