Торонто го задржа најдобриот тренер во НБА-лигата

Торонто репторс го задржа Ник Нурс на тренерската позиција откако двете страни се договорија на повеќегодишна соработка. Американскиот стратег неодамна беше прогласен за најдобар тренер во НБА-лигата за сезоната 2019/20.

Нурс во јуни 2018 година го презеде кормилото на Рептилите откако во претходните пет сезони беше прв асистент на Двејн Кејси. Во неговата дебитантска сезона на клупата, селекторот на Канада го одведе Торонто до првата титула во историјата на франшизата.

Оваа сезона Торонто претрпе елиминација во полуфиналната рунда на Истокот од Бостон селтикс, меѓутоа управата на Репторс има потполна доверба во 53-годишниот тренер дека може да ја води екипата кон нови успеси.

- Оглас -

Најнови вести