Торонто по две продолженија го урна Милвоки и намали на 2-1

Торонто репторс го совлада тимот на Милвоки со конечни 118:112 во драматичниот трет дуел од Источното конференциско финале во НБА-лигата. Канадскиот состав ја намали предноста на Бакс на 2-1 во меч кој практично за нив беше „да се биде или не“. Каваи Ленард како носител на тимот ја презеде одговорноста во клучните моменти и донесе прва радост за Репторс.

Домаќините сосема заслужено дојдоа до триумфот откако во поголемиот дел од средбата имаа контрола врз резултатот. Торонто во неколку наврати имаше двоцифрена предност, додека кошаркарите на Милвоки само во еден момент имаа минимално водство при резултат 103:105 во дополнителниот период.

Во вторите пет минути од продолженијата, Ленард запиша шест поени, украде две топки, по што гостите не најдоа начин како да го спречат. Каваи воедно заврши како најефикасен со 35 поени, а му недостасуваше еден скок за двоен учинок. Голем придонес за победата имаше и Сијакам со 25 поени и 11 скока, а од втор план проблеми правеше и Повел со неговите 19 поени.

Торонто за првпат имаше решение за досега незадржливиот Адетокумбо, кој мечот го заврши со скромни 12 поени, но запиша и 23 скока, додека најрасположен од редовите на Милкови беше искусниот Хил со 24 поени.

Серијата продолжува во ноќта меѓу вторник и среда, а четвртиот дуел исто така ќе се игра во Канада, во „Скотјабенк арената“.

https://www.youtube.com/watch?v=T_8FVPaL_EE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести